Мицкоски: Петков ако сака да даде пример за добрососедство може по враќање во Софија да отвори македонски културен центар во Благоевград и Сандански

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека однесувањето на власта во однос со преговорите со Бугарија покажува „комплетна деструкција и уништување на процесот и на тој начин директно ги загрозуваат шансите, македонскиот народ и на сите граѓаните во државата“.

-Јас не знам каква е оваа стратегија и кој ги подучува на сето ова, но ако мислат дека на тој начин ќе се покажат како политичари кои што еве се конструктивни, тогаш ова е комплетно спротивно на тоа и они ни покажуваат комплетна деструкција и уништување на процесот и на тој начин директно ги загрозуваат шансите, македонскиот народ, граѓаните во Македонија без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби и останати да добијат можност да ги отпочнат преговорите со Европската унија. Ова е одлична можност да го загрозат тој почеток тоа што го прави Ковачевски и Османи, вели Мицкоски.

За посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков нагласи дека доколку тој сака да покаже пријателство, тогаш истиот пример од Битола да го земе за во Благоевград и Сандански и да им овозможи и на тие Македонци во Бугарија еден културен македонски центар, посочувајќи дека пријателството се покажува со дела, а не со зборови.

-Веднаш после тоа отворање Петков кога ќе замине во Софија треба да земе пример од тука од Битола и да направи сличен таков потег во Благоевград и Сандански, и на тие илјадници македонци кои што живеат таму да им овозможи еден ваков културен македонски центар кој што е во согласност со сите пресуди од Стразбур. А овие малкумина македонски Бугари кои што на пописот кој што беше таков некомплетен и манипулативен се изјаснија дека отприлика околу 800тини од нив го говорат бугарскиот јазик како мајчин треба да го советуваат Петков истото тоа да го направи и во Бугарија за Македонците кои што живеат таму и на тој начин навистина ќе го покажат и на дело тоа братство а кое што тој цело време зборува и полна му е устата за братство и пријателство. Пријателството не се зборува, туку се покажува со дело, потенцираше Мицкоски.

Слични содржини