Бекам може да реши еден од проблемите на ПСЖ

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Дејвид Бекам може да му направи услуга на Пари Сен Жермен. Францускиот клуб сака да се раздели со Серхио Рамос, кој речиси не играше откако пристигна на „Паркот на принцовите“, но зема голема плата.

Бекам сака да го привлече поранешниот капитен на Реал Мадрид во Интер Мајами. Ко-сопственикот на американскиот клуб сакаше да го земе пред две години, но тогаш Рамос се уште беше клучна фигура во Реал. Тие двајца се добри пријатели од времето кога Бекам играше на „Сантијаго Бернабеу“.

Шпанецот има договор со ПСЖ на уште една година, но Бекам сака тој да биде привлечен следното лето. Малку е веројатно дека францускиот клуб ќе го спречи. Единствена пречка ќе биде договор за финансиските услови на играчот.

Слични содржини