Путин и Бин Салман разговарале за енергетска соработка

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман ал Сауд ја пофалија заедничката работа во рамките на групата ОПЕК плус и ја изразија својата намера да ја продолжат соработката меѓу двете земји, соопшти Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.

– Се осврнаа на горливите прашања од билатералната соработка, вклучително и во областа на трговијата и економијата. Тие изразија взаемна волја за развој на врските меѓу Русија и Саудиска Арабија во корист на двете земји, се вели во соопштението.

За време на разговорите, Путин и Мухамед бин Салман „позитивно ја оценија заедничката работа во рамките на групата ОПЕК плус“ со цел да се обезбеди стабилност на глобалниот пазар на нафта, пренесе ТАСС.

Слични содржини