Ливерпул стана првиот финалист во ФА Купот и продолжува да сонува за четири титула во една сезона, откако „црвените“ го победија Манчестер Сити со 3-2 на „Вембли“.
Избраниците на Јирген Клоп тотално го победија противникот во првото полувреме, кога по голот на Ибрахим Конате (9′) и двата гола на Садио Мане (17′, 45′) дојдоа до предност од 3:0.
Шампионите ја подобрија играта по паузата. Џек Грилиш (47′) намали, а во дополнителното време на мечот Бернардо Силва уште повеќе го доближи Сити до противникот.
Во последните секунди имаше две мешаници пред голот на Алисон, но ново тресење на мрежата не видовме и Ливерпул заслужено се пласираше во финалето.
Противник на тимот од Мерсисајд во него ќе биде победникот од другото полуфинале во кое утре ќе се соочат Челси и Кристал Палас.