Неколку експлозии одекнаа утрово во главниот град на Украина, Киев, јавија локалните медиуми.
Во текот на изминатата ноќ во речиси сите делови на Украина се огласија сирени за воздушна опасност, пренесе Ројтерс.
Засега нема детали за загинати од експлозиите утринава што го потресоа Киев, на 52-от ден од почетокот на рускиот напад врз Украина.