Вкус за паметење…
Состојки:
1 лажичка путер
1 мал кромид исечен на коцки
2 чешниња лук, сецкани
1 чаша бело вино, по желба
1/2 кг пилешко бело месо
2/3 чаша полномасен јогурт
1/4 чаша мајонез
2 големи сремуши, сецкани
1/2 чаша ситно сецкан свеж копар
1 лажичка сол, или сол по вкус
Бибер, по вкус
Подготовка:
Растопете го путерот на средна температура, во длабока тава. Потоа издинстајте ги кромидот и лукот во виното (по желба). По неколку минути додадете го пилешкото.
Над пилешкото ставете вода, да биде околу 2 см над пилешкото и динстајте додека не зоврие. Покријте и намалете ја топлината, варете 8 до 10 минути или додека пилешкото не се свари.
Добро изладете го, а потоа исечете го пилешкото на коцки.
Изматете ги јогуртот и мајонезот и прелијте го пилешкото во сад.
Додадете сремуш и зачин. Додадете бибер по вкус.
Чувајте ја салатата во фрижидер еден час и послужете.
На здравје!