„Оливер Спасовски два дена молчи во врска со кражбата на оружје и муниција од магацинот на СВР Охрид. Ограбена е полициска станица, а власта се однесува како ништо да не се случило“, вели денеска Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
„Според информациите кои ги објавија медиумите, но и според наши сознанија не се работи само за кражба на оружје и муниција за автоматско оружје, туку и за бомби и гранати, а за кои во МВР немаат точна евиденција. МВР не знае што точно и во колкава количина е украдено.
Објектот на магацинот се наоѓа во кругот на поранешната касарна Михајло Апостолски во Охрид, а сега е во сопственост на полицијата. Магацинот има обезбедување и е во круг на повеќе полициски објекти, а непосредно спроти истиот е канцеларијата на началникот на РЦ Запад“, истакнува тој.