Штрајкот во образованието продолжува, од владата велат: „Неодговорно е децата да се остават без настава“

од Берта Китинска
149 прегледи

СОНК одлучи да го продолжи штрајкот.За синдикатот не е прифатлив предлогот на Владата во време на криза и инфлација за 10 проценти да се зголемат платите на наставниците и воспитувачите. Иако училиштата и градинките остануваат празни, синдикалците уверуваат дека на ученциите нема да им биде скратена можноста да го надокнадат изгубениот материјал.

Скратената наставна програма предвидува наставната содржина да се реализира во целост во позбиена форма или со поголема динамика, истакна денеска претседателот на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

Нашето убедување како наставници, посочи, е дека учениците нема да бидат скратени од понудата и можност да надоместат за тоа што сега го имаат изгубено.

– Имаме искуство, сме работеле и друг пат во такви услови и за време на пандемијата кога наставните часови беа 30 минути, а требаше истата содржина да се реализира во рамки на 30 минути. Досега наставниците имаат изгубено зависи кој наставен предмет, еден, два или три, еветуално пет наставни часа ако е математика или јазик меѓутоа секој од наставниците знаат како тоа да го надоместат, рече Неделков, одговарајќи на новинарски прашања.

За Владата, одлуката на СОНК е неодговорна и несериозна. Бараат синдикатот да има поголема доверба во институциите, затоа и претходно преку дијалог бил постигнат договор за истиот проблем. Неопходне е просветните работници да се врата на работа и да продолжи образовниот процес.

-Синдикатот треба да има верба во институциите, бидејќи и претходно низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците и на вработените во градинките од 21%. Со ова зголемување платата на наставник/чка во основно образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку 24.786 денари. На наставник/чка во средно образование зголемувањето е над 4.300 денари плус минат труд и просечно платата е 25.874 денари. На воспитувачите пак во градинките платата им е зголемена за околу 6.400 денари плус минат труд, додека на негувателите за околу 5.000 денари, велат од Владата.

Слични содржини