Блискиот соработник на Путин и поранешен руски претседател, Дмитриј Медведев, ги коментираше неодамнешните изјави на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која рече дека банкротот на Русија е „прашање на време“, пренесе ТАС С.
„Рускиот банкрот може да доведе до банкрот на Европа, и како морален, така и сосема веројатно, реален“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм.
„Па, тогаш обидете се“, рече Медведев, притоа истакнувајќи „две очигледни нешта“.
„Неисполнувањето на обврските од страна на Русија може да се претвори во неисполнување на своите обврски од страна на Европа. И морални и, најверојатно, материјални“, предупреди политичарот, нагласувајќи дека финансискиот систем на ЕУ не е баш стабилен, а довербата кај луѓето паѓа.
Освен тоа, продолжи тој, властите на ЕУ треба да очекуваат „силна благодарност од обичните Европејци за хиперинфлацијата, која повеќе не може да им се припишува на злобните Руси, за недостатокот на основни производи во продавниците и за приливот на бегалци, што ќе предизвика бран насилен криминал“.