296
Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора Весна Меденица е уапсена доцна синоќа на аеродромот во Голубовци, потврдија за „Вијести“ повеќе извори од Полициската управа (УП).
Според сигурни информации, Меденица е приведена поради постоење основано сомнение дека сторила две кривични дела – создавање криминална организација и злоупотреба на службената положба, пишува „порталот“.
Меденица, наводно, била уапсена откако им ги предала патните исправи на граничните полицајци. Таа ноќта ја мина во Центарот за безбедност во Подгорица, а денеска се очекува да биде изведена пред надлежното Специјално обвинителство.