Официјален Киев го направи првиот чекор кон пристапување на Украина во ЕУ

од Vladimir Zorba
189 прегледи

„Надлежните украински функционери пополнија прашалник што претставува прв чекор и почетна точка за процесот на донесување одлуки на ЕУ за пристапот на Украина во Европската унија“, потврди Игор Жовква, заменик-шеф на кабинет на претседателот Володимир Зеленски.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен му предаде прашалник на украинскиот претседател Зеленски за време на посетата на Киев на 8 април, во кој вети побрз почеток на процесот на пристапување на Украина во ЕУ по завршувањето на војната со Русија, пренесе Ројтерс.

„Денеска можам да потврдам дека украинската страна го пополни прашалникот“, рече Жовква во синоќешното интервју за украинскиот јавен сервис, нагласувајќи дека Европската комисија ќе мора да издаде препорака за почитување на Украина со неопходните критериуми за членство.