Цената на нафтата се искачи на 112 долари за барел

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Прекинот на испораките од Либија и предупредувањето од Русија за потенцијалниот рекорден пораст на цените доколку повеќе земји го забранат увозот на нејзините извори на енергија ги вознемири купувачите и доведоа до ново поскапување на нафтата утринава.

Цената на светската референтна нафта Брент порасна за 0,28 отсто на 112 долари за барел, а американската нафта ВТИ поскапе за четвртина процент и се тргува на ниво од 107,2 долари за барел, покажуваат најновите податоци на порталот oilprice.com. .

Според извештаите на медиумите, две либиски пристаништа биле принудени да го прекинат товарењето на нафтата по протестот против премиерот Абдул Хамид Дбеиба, а производството било запрено на полето Ел Филу, каде дневно се испумпуваат 65.000 барели, пишува Блумберг.

Слични содржини