Гувернерката на Банката на Русија: Потребна е трансформација на економијата за да се справи со западните санкции

од Vladimir Zorba
238 прегледи

„Руската економија не може бесконечно да се потпира на своите финансиски резерви и ќе мора да се трансформира за да се справи со ефектите од меѓународните санкции“, изјави денеска гувернерката на Централната банка Елвира Набиулина.

Во најзначајниот говор откако Русија ги испрати своите сили во Украина на 24 февруари, Набиулина рече дека ќе бидат потребни две години, до 2024 година, за инфлацијата да се врати на целта од 4,0 отсто, пренесе Ројтерс.

„Периодот во кој економијата може да живее од резерви е ограничен. Во вториот и третиот квартал ќе влеземе во период на структурна трансформација и потрага по нови деловни модели“, рече таа.

Русија најави и законски мерки поради странските блокади на нејзиниот имот.

„Русија планира да преземе законски мерки поради блокирање на нејзиното злато, девизи и средства во странство што им припаѓаат на руски резиденти“, објави уште Набиулина.

Таа изјавила дека чекорот мора да биде детален и правно оправдан, пренесува Ројтерс.

Слични содржини