Речиси 60 отсто од граѓаните на Црна Гора сметаат дека изборите се единственото решение за политичката криза, а повеќе од половина дека треба да се организираат веднаш или што е можно поскоро, покажа истражувањето на Агенцијата МИНА и Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ).
Според истражувањето, 13,9 отсто од граѓаните на Црна Гора сметаат дека не треба да се организираат предвремени избори.
„Дека веднаш треба да се организираат предвремени избори или што поскоро размислуваат 50,5 отсто од граѓаните, а 14,4 отсто не знаат или не можат да проценат“, покажаа резултатите од истражувањето.