Општината трпи последици од штрајкот на СОНК, односно кај превозот на учениците трпиме загуби и тоа Општината ја чини околу 200 илјади денари на ден што не е мала сума и тоа треба да го имаат предвид во СОНК, вели градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-До моментот дури немаше конкретен предлог, не го соопштував мојот став, свесен дека владата има слух за проблемите и очекував предлог решение какво што всушност имаме.Во време на најголемите светски кризи понуди зголемување на платата за 10%.Разумно решение за секој совесен човек кој размислува државнички.Сметам дека членовите на СОНК ова треба да го прифатат, имајки во предвид дека исправени сме сите пред најголемите предизвици на светот од втората светска војна.Апелирам учениците да одат на училиште оти тоа е најважно, продолжувањето на протестот може да значи и продолжување на школската година, што пак може и тоа како да направи проблем за матурантите при упис на факултет, појаснува градоначалникот на Струмица.
Тој појаснува дека неговата општина трпи загуби од спроведениот штрајк.
-Како градоначалник заедно со целата администрација и со поддршка на советот никогаш нема да го прекинам превозот на учениците макар имало и само еден ученик кој треба да биде однесен до училиште!Тоа е трошок на општината од близу 200.000 денари на ден, нејсе тоа не е најважното.Протестите во оваа фаза почнуваат да наликуваат на партиско политичка инсталација, што сериозно може да ве втурне во брзи води кои можат да го нарушат најважното за вас, вашиот интегритет, вашиот дигнитет, вели Костадинов.