Киев: Гугл го отвори пристапот до руските воени бази

од Nikola Popovski
296 прегледи

Украинските вооружени сили објавија на Твитер дека „Гугл мапс“ отворил пристап до руските воени и стратешки објекти. Претходно беа затемнети.

„Гугл Мапс го отвори пристапот до руските воени и стратешки објекти“, напишаа тие и додаваат: „Сега секој може да види разни руски фрлачи, мини за интерконтинентални балистички ракети, командни пунктови и тајни депонии со резолуција од околу 0,5 метри по пиксел“.

Достапните слики сега вклучуваат носач на авиони, складишта за нуклеарно оружје во близина на Мурманск, подморници во близина на Камчатка и воена база во Курск, на 150 километри од украинската граница.

 

Слични содржини