Кандидатката на десницата за претседател на Франција, Марин Ле Пен изјавила дека, доколку би била претседателка, би се вклучила во соработка со Русија по војната во Украина, за да го спречи сојузот меѓу Москва и Пекинг, пренесува „Politico“.
Ле Пен, која во недела ќе се бори за претседателската функција во вториот круг од изборите со актуелниот шеф на државата Емануел Макрон, изјави за француското радио дека е на страната на Украина во оваа војна, бидејќи го поддржува националниот суверенитет.
Сепак, таа важи за поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин и добивала пари за партијата од руските банки.
„Би било неопходно, дипломатски, кога ќе заврши војната во Украина, кога ќе се потпише мировниот договор, да се избегне заострување на односите“, нагласи Ле Пен.
„Замислете да го оставите првиот светски плароизводител на суровини – Русија, за да формираме сојуз со првата фабрика во светот, која е Кина, и заедно да ја создадеме првата воена сила во светот. Верувам дека ова е потенцијално голема опасност“, рекла Ле Пен.