Страшна вест го потресе светот на фудбалот и домот на Роналдо.
Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на планетата и неговата партнерка Георгина Родригез останаа без нивното дете.
Горгина и Роналдо во октомври минатата година објавија дека очекуваат близнаци и сега треба да се соочат со најтрагичната загуба на едно од нив.
„Мораме со најдлабока тага да објавиме дека нашето момче почина. Ова е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на нашето мало девојче ни дава сила да живееме во момент со малку надеж и среќа. Би сакале да им се заблагодарам на лекарите и медицинските сестри за вниманието. Сите сме погодени од оваа загуба и се молиме за приватност во ова многу тешко време. Нашето момче останува наш ангел. Секогаш ќе те сакаме, напиша Португалецот.
View this post on Instagram
Потсетуваме дека девојчето ќе биде петто дете на Роналдо, а веќе има едно од врската со Родригез.