Малинка Ристевска Јорданова од Управниот одбор на Институтот за европска политика – Скопје смета дека Македонија не треба да го отвора Уставот пред почетокот на предпристапните преговори со ЕУ.
-Бугарија сега тоа го бара како барање кон нас и ЕУ не може да каже значи не може да влезе во тоа за да направи преседан, не може да влезе не само од нормативни причини туку и од практично-политички причини не може да направи таков преседан и да каже ќе ги внесете Бугарите во Уставот или ние сме гарант за тоа, вели Јорданова во емисијата „Топ тема“.
Според неа, сега македонската јавност не може никого да ја лаже дека Бугарија има добри намери.
-Нема во моментов и таква политичката ситуација. Дали и како ќе се смени, треба наша стратегија која ќе ги брани нашите национални интереси, рече Јорданова.
Во однос на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“, Јорданова смета дека изостанала реакција од политичкиот врв.
-За жал она што не го гледаме од наша страна е реакција. Има соопштение кај претседателот, кај премиерот има дел од интервју, а на веб-страната на МНР има фотографија од средба Османи-Петков. Што ќе остане во историјата на македонската држава како реакција на оваа дрска провокација?, прашува таа.