Зеленски: Почна втората фаза од војната

од Nikola Popovski
206 прегледи

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и се обрати на нацијата.

– Сега можеме да кажеме дека руските сили ја започнаа битката за Донас, за која се подготвуваа долго време, рече тој.

– Во оваа офанзива моментално е вклучен голем дел од руската армија, но колку војници и да се донесат таму, ние ќе се бориме. Ќе се браниме. Тоа ќе го правиме секој ден, додаде Зеленски.

„Почна втората фаза од војната“, изјави денеска шефот на кабинетот на украинскиот претседател, пренесува Ројтерс.