Светската фудбалска мегаѕвезда Кристијано Роналдо доби силна поддршка по трагичната вест во неговото семејство. 37-годишниот ас на Манчестер Јунајтед објави дека тој и неговата девојка Џорџина Родригез останале без едно од нивните деца. Парот очекувал близнаци, но станало јасно дека момчето починало додека девојчето се родило здраво.
„Твојата болка е наша болка, Кристијано. Ви посакуваме вам и на вашето семејство љубов и сила во ова тешко време“, напиша Манчестер Јунајтед на Твитер.
Кристијано доби поддршка и од своите поранешни клубови, предводени од Реал Мадрид.
„Реал Мадрид, претседателот и одборот на директори се тажни поради смртта на едно од децата кои го чекаа нашиот драг Кристијано Роналдо и неговата придружничка. Во Реал ја споделуваме болката од оваа загуба“, напиша Реал.
Не остана рамнодушен ниту матичниот клуб на Роналдо – Спортинг Лисабон.
„Издржи Роналдо. Целото семејство Спортинг е со тебе“, вака лисабонскиот клуб му даде поддршка на својот поранешен фудбалер.
„Биди силен капитене“, беше објавата на португалската репрезентација.