Грција денеска заплени руски танкер за сурова нафта кај островот Евија како дел од санкциите на Европската унија против Русија, изјави претставник на грчкото Министерство за поморство.
Танкерот „Пегаз“ пловел под руско знаме, со 19 руски членови на екипажот, пренесе Ројтерс.
Претставник на крајбрежната стража изјавил дека бродот е запленет, но не и товарот што го превезувал, пренесува британската агенција.