Руски авион прелетал 15.000 километри на заобиколен пат за да ги врати протераните дипломати

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Рускиот авион, кој беше испратен од Москва за да ги врати руските дипломати од Шпанија и Грција, бил принуден да лета по заобиколен пат долг 15.000 километри поради забраната за летови кон ЕУ, покажуваат податоците објавени од веб-страницата FlightRadar, пренесе Гардијан.

„Додека Шпанија и Грција направија исклучок и дозволија влез во нивниот воздушен простор, авионот мораше да лета околу други земји кои воведоа забрана за руски летови“, се вели на веб-страницата за следење летови.

Тој исто така прецизираше дека „вкупната должина на летот била 15.163 километри, што е нешто пократко од моментално најдолгиот лет во светот меѓу Сингапур и Њујорк“, додава Гардијан.

Слични содржини