Анистон страда од несоница

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Џенифер Анистон за магазинот People изјави дека пати од несоница и тоа и е проблем со децении.

„Мислам дека започна некаде во моите 30-ти, па дури и порано, но кога си млад едноставно не ги забележуваш ефектите од лишувањето од сон, бидејќи мислиме дека сме толку непобедливи“, рече 53-годишната актерка.

Таа рече дека нејзината инсомнија се манифестира како анксиозност, месечарење и несоница, поради што ги брои минутите во кои не успеала да заспие.

„И колку повеќе се грижам за тоа, толку потешко ми е да заспијам“, рече актерската ѕвезда.

Така таа се согласила да учествува во реклама за кампањата „Seize The Night and Day“.

Анистон за „People“ додава дека на крајот побарала лекарски совет за нејзината несоница и сега користи трикови како што се истегнување и јога пред спиење за да се опушти, како и обидот да легнува секоја вечер во исто време, „што е предизвик за нас актерите, бидејќи ако снимаме филм, распоредот не го дозволува тоа“.

Слични содржини