Меси се повреди

од Vladimir Zorba
338 прегледи

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси ќе го пропушти натпреварот од 33. коло на францускиот шампионат против Анже во среда, соопштија од клубот.

„На 34-годишниот Аргентинец му е дијагностицирано воспаление на левата нога. За два дена ќе има нови информации на оваа тема“, се вели во соопштението на ПСЖ.

Мечот против Анже ќе го пропуштат и Марко Верати, Преснел Кимпембе, Леандро Паредес, Јулијан Дракслер, Андер Ерера, Левен Курзава и Абду Диало.

Слични содржини