Кристијано Роналдо не се очекува да биде дел од составот на Манчестер Јунајтед на денешното дерби со Ливерпул. Од клубот соопштија дека напаѓачот е ослободен поради трагичните случувања во неговото семејство. Како што е познато, вчера неговата девојка родила близнаци, но момчето починало додека девојчето е добро.
„Семејството е најважно и во овој тежок момент Роналдо е со семејството“, изјави за Sky Sports претставник на клубот од Олд Трафорд.
Португалецот има уште четири деца – две момчиња и две девојчиња, а само едно од нив е од Џорџина.
Мајките на другите три потомци се непознати.