Генчов: Ванчо Михајлов до пред два дена беше дел од музејот на ВМРО

од Nikola Popovski
466 прегледи

Ова е сензибилен и многу повеќеслоен процес за нашата држава. Се согласувам дека со овој зачудувачки потег на Бугарите прави негативитет за сите, со силни изразени тежненија за членство во ЕУ. Длабоко се согласувам дека за одреден дел од македонската јавноста, ова е негативна личност, која што во моментов не придонесува за подобрување на односите меѓу нас и Бугарија, вели политичкиот аналитичар, Александар Генчов за контроверзните настани од саботата и отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.

Според него, Ванчо Михајлов не е првпат на гости во нашата држава со ова име.

-Тој до пред два дена беше дел од музејот на ВМРО. Треба да ги разјасниме и другите елементи. Ние сме во сензибилен период, каде што преговараме. Ние доколку не би ги имале тие преговори, не би ни разговарале за ова со клубот. Тајмингот на отворање на клубот е во сензибилен момент. Влегуваме во период каде фашизмот и нацизмот се прилепува исклучиво врз една нација. Отидете во Франција. Таму има училишта, каде што ќе видите за трагична смрт на еврејски и француски деца, кои настрадале од фашистички окупатор. Никаде не се потенцира националноста на окупаторот. Хасан Приштина има исто споменик, но никој не спомнува ништо за него. Дали се работи за влијание, нелагодност не знам. Нашата нација имала и други периоди на пораз. И во 2001 година сме биле поразени, рече Генчов во емисијата „Само вистина“.