Турција: Рапер осуден на затвор поради промовирање на употреба на дрога во неговите песни

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Судот во Истанбул го осуди раперот Мурда на повеќе од четири години затвор поради „промовирање на употреба на дрога“ во неговите песни, изјави неговиот адвокат за ДПА. Казната не е конечна.

38-годишниот музичар, кој е холандски државјанин, а сега е во Холандија, ги негира обвинувањата. Неговиот адвокат, Јумит Гуркал Егемен, рече дека поднел жалба на „неправедната“ казна.

Мурда беше накратко приведен во октомври на аеродромот „Сабиха Гукчен“ во Истанбул.

Раперот, чие вистинско име е Мехмет Јондер Доган, најмногу пее на турски и е популарен во Турција. Тој „дејствувал само во рамките на слободата на изразување“, рече адвокатот Егемен, додавајќи дека наводите се однесуваат на три песни на Мурда, од кои едната е насловена „Екс Баба“ и е прегледана повеќе од 116 милиони пати на Јутјуб.

„Извртев џоинт. Човеку, тоа ме потресе“, вели стих од песната.

Во последниве години Турција беше насочена кон раперите, од кои некои се познати по критиките кон владата и претседателот Реџеп Таип Ердоган, јави ДПА.

Во 2018 година, познатиот турски рапер Ежел беше накратко уапсен поради јавно промовирање на употреба на дрога во неговите текстови, а набргу потоа беше ослободен од обвиненијата.

Слични содржини