Според најновиот извештај на „Фридом Хаус“, повеќето од седумте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија) сè уште се во категоријата на хибридни режими или влади во транзиција, освен Хрватска, која се означува како „полуконсолидирана демократија“.
Моментално, вкупно 11 држави се категоризирани како хибридни режими во извештајот „Нации во транзиција“.
Делот од извештајот во кој се споменува Западен Балкан покажува дека четири земји – Албанија, Хрватска, Црна Гора и Северна Македонија, севкупно стагнираат.
Кога станува збор за Албанија и Северна Македонија – нема промени во нивниот учинок.
Севкупното рангирање на земјите од Западен Балкан е следниов: Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово.
Во однос на минатогодишниот извештај на „Фридом хаус“, Србија, според критериумите на организацијата, по учинок ги надминаа Црна Гора и Северна Македонија.
На скалата од еден до седум, каде еден е најниско ниво на демократски прогрес, а седум највисоко, Северна Македoнија е рангирана со оценка од 3,5 за демократско владеење, 4,25 за изборен процес, 5,25 за граѓанско општество, 3,25 за независни медиуми, 3,25 за независно судство, додека 3,00 за корупција.
Генералната оценка за демократски прогрес за земјава изнесува 3,82 или 47 проценти.
Земјата од Западен Балкан што постигнала најголем напредок во 2021 година е Косово – во сферата на демократското владеење на национално ниво и судството.
Се наведува дека Косово не забележало назадување во ниту една од областите кои „Фридом Хаус“ ги зема како критериуми во извештајот.