266
Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика денеска руските власти хумано да се однесуваат кон британскиот државјанин кој беше заробен во Украина, додавајќи дека тој извесно време служел во украинската армија, но не бил платеник.
Запрашан за видеото на Ејден Аслин, заробениот Британец кој им се придружил на украинските маринци, Џонсон ја повикал руската држава да се однесува кон него „хумано и сочувствително“, пишува Ројтерс.
„Иако активно ги обесхрабруваме луѓето да одат на местото на конфликтот, колку што разбрав, тој служел во украинските сили извесно време и неговата позиција е многу различна од позицијата на платениците“, рече британскиот премиер пред пратениците.