342
Конечно дојде време кога можеме да користиме свеж зеленчук, а овој пат ви носиме вкусно јадење со млади тиквички.
Состојки:
400 гр пилешко филе
2 лажички густин
400 гр тиквички
100 мл масло
лажичка сол
лажичка рендан ѓумбир
1/2 дл вода
1/2 дл бело вино
1 лажичка биозачин
Подготовка:
Пилешкото се сече на коцки и се валка во густин. Тиквичките не ги лупете, туку исечете ги на тенки кришки.
Прво се пржи месото на масло, па во истата тава и тиквичките. Додадете сол и ѓумбир. Месото вратете го во тавата и прелијте го со вода и вино.
Додадете го и био зачин, па динстајте малку.
Јадењето послужете го со варен ориз или варени тестенини.
На здравје!