Мицкоски го посети Смилковското езеро: Засадивме 5 дрвца за сеќавање на 5-те прерано згаснати животи

од Берта Китинска
148 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на Смилковското езеро запали свеќа и засади дрвца за во знак на 5-те прерано згаснати животи.

„Поминаа 10 години од петкратното убиство кај Смилковското езеро. Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски пред 10 години беа сурово и свирепо убиени пред христијанскиот празник Велигден. Одадовме почит за рано згаснатите животи на младите момчиња, кои без никаква причина платија со своите животи. Денес засадивме 5 дрвца во дворот на Црквата Св. 40 маченици кај Смилковското езеро за сеќавање на 5-те прерано згаснати животи. Слава им!“, напиша Мицкоски.