Стејт Департментот силно го поддржува влезот на С. Македонија во ЕУ

од Nikola Popovski
208 прегледи

САД јасно ставија до знаење дека даваат силна поддршка за влез на Северна Македонија во ЕУ, изјавил за МИА портпаролот на Стејт департментот на прашањето како Америка гледа на постапката на највисокиот бугарски државен врв да присуствува на отворањето на клубот во Битола „Ванчо Михајлов“.

Европската комисија денеска излезе со став дека е свесна дека отворањето на бугарскиот клуб во Битола именуван по личност која е перцепирана како високо контроверзна во Северна Македонија, предизвика силни реакции кај граѓаните.

Според ЕК, од блиску ги следат настаните, како и одговорите на настаните.

Во телефонски разговор со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар ја истакна од потребата за што поскоро надминување на разликите меѓу двете земји и старт на преговорите со ЕУ.

Слични содржини