Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора се обидела да се самоубие

од Vladimir Zorba
446 прегледи

Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, приведена поради сомнение за создавање криминална организација и противзаконско влијание, се обидела да се самоубие во Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ), јавуваат подгоричките медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Според порталот РТЦГ, Меденица моментално е во стабилна состојба.

Црногорскиот јавен сервис додава дека, според информациите со кои располага, Меденица наводно сама се обидела да си го пресече вратот, што било спречено со интервенција на болничкиот персонал и полицајците.

Слични содржини