385
Веста дека актерката Анџелина Џоли би можела да го тужи ФБИ одекна во светските медиуми, бидејќи неговите агенти одбиле до крај да спроведат истрага против нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит.
Се работи за наводниот инцидент што се случил во 2016 година во нивниот приватен авион со нивниот син.
По инцидентот, Анџелина поднесе барање за развод од Пит, а подоцна беше откриено дека тој тогаш бил под истрага бидејќи пријавила дека „ментално и физички го нападнал нивниот син за време на приватен лет од Франција до Америка“.
Актерката тврди дека властите тогаш ја затвориле истрагата, без претходно да ја информираат за тоа.
Според странските медиуми, Џоли наводно се уште не поднела формална тужба против ФБИ поради ова, но планира да го стори тоа.