Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, наводно, добил инструкции за ликвидација на највисоките украински функционери на 3 февруари, за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, тврди секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина (НСДЦ) Алексеј Данилов, пренесе Укринформ.
Според украинскиот безбедносен претставник, на состанокот бил договорен план за атентат на претседателот Володимир Зеленски, а Кадиров ветил дека неговата чеченска единица ќе ја изврши мисијата.
Данилов, исто така, изјави за Радио НВ дека украинската разузнавачка служба ги следела овие процеси и дека три групи биле распоредени во Украина на 26 февруари за да ја исполнат таа задача.