Киев: Русија планира присилно да го мобилизира населението во Херсон

од Nikola Popovski
259 прегледи

Украинската армија наведува дека во јужниот град Херсон, руската армија планира „насилно да го мобилизира“ локалното население да се бори на страната на Москва, пренесува Би-Би-Си.

Херсон, кој има 283.000 жители, е еден од неколкуте украински градови окупирани од почетокот на инвазијата.

„Руските окупатори планираат да организираат присилна мобилизација на населението за војната во Украина“, соопшти украинската армија на социјалните мрежи.

Во едно село, руските претставници одржаа состанок со локалното население на кое рекоа дека повеќе нема да има „зелени коридори“ за цивили, забранувајќи им на луѓето да заминуваат, се вели во соопштението.

„Истовремено, руските окупатори си поставија цел целосно да ја запрат хуманитарната поддршка на украинските власти во тој регион“, додаваат од армијата.

Таа изјави дека продолжува теророт на руските окупатори врз украинското население.

Би-Би-Си не можеше независно да ги потврди овие тврдења.

Слични содржини