Помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид ќе претстојува на Западен Балкан од 25 до 29 април, при што ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, соопшти Стејт Департментот.
Донфрид ќе пристигне во Македонија на 28 април и ќе се сретне со владините лидери за да ја сигнализира, како што се вели „силната поддршка на САД за пристапните преговори на Северна Македонија во ЕУ и да им се заблагодари на македонските власти за нивната постојана помош за Украина“.
Според соопштението, Донфрид „ќе ја охрабри најновата членка на НАТО да продолжи со блиската соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања за промовирање на демократијата и регионалната стабилност“.