Ден на планетата Земја: „Време е да се изгради здрава планета за нашите деца“

од Vladimir Zorba
199 прегледи

По повод Денот на Планетата, Министерството за животна средина и просторно планирање упати порака и ги повика институциите, бизнис заедницата, граѓанските организации и движења, секој поединец дека е дојден моментот да се промени деловната клима, политичката клима и начините на кои преземаме активности и одговорности за климата.

„Сега е време за непоколеблива храброст во зачувувањето и заштитата на нашето здравје, нашите семејства, нашите средства за живот… заедно, мораме да инвестираме во нашата планета, затоа што зелената иднина е просперитетна иднина. Треба да дејствуваме (храбро), да иновираме (широко) и да имплементираме (правично). Треба да се вклучиме сите – секој да биде вклучен и секој да биде одговорен. Време е за ПАРТНЕРСТВО ЗА ПЛАНЕТАТА“, велат од Министерството.

Време e, продолжуваат оттаму, да се избере просперитетна и одржлива иднина и време е да се обнови природата и да се изгради здрава планета за нашите деца и нивните деца, а „времето е кратко“.

„За овој ден, за сите, секој ден, ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО НАШАТА ПЛАНЕТA!“, се додава во соопштението по повод 22 април, Денот на планетата Земја.

Слични содржини