Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја и се потребни 7 милијарди долари месечно за да ги надомести економските загуби предизвикани од руската инвазија на неговата земја.
Во виртуелното обраќање на форумот на Светска банка, Зеленски додаде дека глобалната заедница треба веднаш да ја исклучи Русија од меѓународните финансиски институции и ги повика сите земји веднаш да ги прекинат односите со Москва, пренесе Ројтерс.
Тој исто така рече дека руската блокада на пристаништата на Црното Море го запрел украинскиот извоз.