Google ги отстранува апликациите за снимање разговори во PlayStore

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Почнувајќи со Android 10, Google ја отстранува можноста за снимање повици, а од 11 мај ќе применува нови правила на својата онлајн продавница PlayStore за да спречи апликации од трети страни да го користат Accessibility API за снимање гласовни повици.

Овие промени претставуваат чекори кон поголема приватност и безбедност бидејќи законите за снимање повици варираат низ целиот свет.

Сепак, оваа промена нема да влијае на системските и претходно инсталираните или „фабрички“ апликации кои имаат дозвола за снимање разговори.

Неодамна, гигантот направи мала „чистка“ кога отстрани десетици апликации за кои се покажа дека тајно собирале кориснички податоци.

Со овие потези, се чини Google сега станува поостар по ова прашање.

Слични содржини