Тренерот на Рома, Жозе Мурињо не се појави пред медиумите во пресрет на дербито со неговиот поранешен клуб Интер. Португалскиот стручњак ја откажа традиционалната прес-конференција за да избегне прашања поврзани со судењето на натпреварите на „волците“.
Мурињо беше бесен на судиските одлуки на мечот со Наполи (1:1). Назначувањето на Симоне Сочи за гостувањето кај Интер, исто така, предизвика незадоволство во таборот на Рома и Специјалниот сакал да ги зачува коментарите на оваа тема.
Натпреварот на „Меаца“ е вечерва од 18 часот. Пред него „жалоросите“ се на петтото место во поредокот со 58 бодови и се уште имаат шанси за топ 4, но потребна им е задолжителна победа.
Рома е и во полуфиналето на Лигата на конференциите, каде за противник ќе го има Лестер.