Историја и емоции во Лондон! Кристијано Роналдо го постигна својот 100. гол во Премиер лигата и со тоа влезе во историското друштво на тоа натпреварување, сето тоа само неколку дена по големата семејна трагедија.
Роналдо ја затресе мрежата на Арсенал само пет дена откако синот му почина при раѓањето, па неговата прослава на голот овојпат очекувано изостана, покажувајќи со прст кон небото, погледнувајќи нагоре.
Арсенал поведе со 2-0 во раната фаза од мечот на „Емирати“, но „црвените ѓаволи“ успеаја да се вратат во мечот со гол во 33. минута.