Руската армија продолжи да ја напаѓа фабриката за челик Азовстал во Мариупол, соопшти денеска советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Олексеј Арестович.
Индустрискиот комплекс околу фабриката за челик Азовстал е последното упориште на украинските војници во тој град.
За време на своето обраќање до медиумите, Арестович рече дека Русија ги обновила воздушните напади врз Азовстал и се обидува да го уништи комплексот.
„Непријателот се обидува целосно да го потисне отпорот на бранителите на Мариупол во областа Азовстал“, рече Арестович.
Тој додаде дека украинските војници се уште се држат и дека дури се обидуваат да и се спротивстават на руската армија.
Рускиот претседател Владимир Путин пред два дена нареди средба со министерот за одбрана Сергеј Шојгу за да се откаже планираниот напад на железарницата Азовстал во Мариупол и му честиташе за воспоставувањето контрола врз градот.
Тој додаде дека треба да се размислува за спасување на животот и здравјето на руските војници и офицери.
„Нема потреба да се качувате во тие катакомби и да ползите под земја низ тие индустриски капацитети. Блокирајте ја оваа индустриска зона за да не прелета ниту мува низ неа“, рече Путин.
Украинските власти проценуваат дека во индустрискиот комплекс има околу 2.000 украински војници.