ОН: Речиси 5,2 милиони украински бегалци

од Nikola Popovski
286 прегледи

Бројот на украинските бегалци кои побегнале од почетокот на војната се приближува до 5,2 милиони, покажуваат податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Според податоците на УНХЦР, 5.163.686 Украинци ја напуштиле својата земја од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ), која исто така е агенција на ОН, изјави дека повеќе од 2.018.000 граѓани од други националности, главно студенти и работници мигранти, исто така ја напуштиле Украина и заминале во соседните земји, што значи вкупно повеќе од 5, 25 милиони луѓе ја напуштија земјата од почетокот на војната.

Слични содржини