Маск: Официјалните бројки не укажуваат на реалниот размер на инфлацијата

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Најбогатиот човек на светот, Елон Маск, смета дека стапката на инфлација е повисока од онаа наведена во официјалните извештаи и очекува дека инфлацијата ќе се задржи до крајот на оваа година.

Стапката на инфлација во САД е највисока во последните 40 години, а причина за тоа е руската инвазија врз Украина.

Маск, кој е директор на Tesla, изјави дека компанијата се стреми да произведува што е можно поприфатливи електрични возила, но дека зголемувањето на цената на суровините е голем проблем. Тој се сомнева дека официјалните извештаи за инфлацијата се вистинити.

– Мислам дека официјалните бројки не укажуваат на реалниот размер на инфлацијата. Најверојатно ќе продолжи до крајот на оваа година. Она што ги прави ниски трошоците на краток рок се претходно склучените договори со добавувачите. Откако ќе им истечат, тогаш ќе видиме колку ќе бидат високи трошоците – истакна Маск.

Освен поскапувањето, компанијата Tesla, но и другите производители на автомобили, се погодени од недостиг на чипови. Маск тврди дека неговата фабрика испорачува автомобили под најдобри можни услови, пренесе CNBC.