Путин на велигденска миса со свеќа во раката (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
269 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се појави во јавноста. Имено, тој беше на велигденската миса на Руската православна црква, а на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како Путин држи запалена свеќа стоејќи на страна.

Во оваа црква Путин традиционално го слави Велигден. Покрај Путин, како и претходните години, беше и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Патријархот Кирил на верниците им посака духовна сила, мир и исклучување од комуникација што може да им наштети на другите.