Во Велика Британија можат да се купат само по 2 шишиња масло за јадење

од Nikola Popovski
209 прегледи

Супермаркетите ширум Велика Британија поставија ограничувања на количината на масло за јадење што муштериите можат да го купат поради проблеми со синџирот на снабдување предизвикани од руската инвазија на Украина, пишува Sky News.

Повеќето сончогледово масло во Обединетото Кралство доаѓа од Украина, што резултираше со ограничувања на производот, како и маслиновото масло во некои супермаркети.

Супермаркетите „Теско“ соопштиле дека дозволува три шишиња по муштерија, додека „Веитроуз“ и „Морисонс“ поставиле ограничувања од само по две шишиња.

Од „Теско“ во соопштението истакнале:

– Имаме добра достапност на масла за готвење во продавниците и онлајн. Ако муштеријата не може да го најде саканото масло, имаме многу алтернативи за избор. За да се осигураме дека сите наши муштерии можат да продолжат да го добиваат она што им треба, воведовме привремено ограничување за купување од три шишиња по човек за производи од нашата палета на масла за јадење, соопштиле од таму.

Фото: SKY NEWS