Монтажа е присуството на Путин на велигденската литургија? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
233 прегледи

Владимир Путин синоќа присуствуваше на велигденската литургија во катедралата Христос Спасител во Москва, објавија руските државни медиуми, а пренесуваат ширум светот. Сепак, снимките кои денеска се појавија на социјалните мрежи сугерираат дека тоа всушност не се случило, туку дека снимката на Путин е од претходно и дека останала монтирана.

Руските медиуми објавија синоќа снимка од Владимир Путин од велигденската миса во московскиот храм каде рускиот претседател традиционално го слави Велигден (наместо со семејството со градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, како што истакнува новинарот на Financial Times). Видеото прво беше објавено на руската државна телевизија, а веста набрзо ја пренесоа и светските медиуми.

Сепак, видеото кое денеска се прошири на социјалните мрежи укажува дека овој настан можеби не се случил. На снимката се гледаат Путин и неговите телохранители во празен храм во Москва, што многумина го прикажаа како доказ дека видеото всушност е снимено многу порано, а дека се друго е монтирано подоцна за да изгледа како да е во тек Велигденската миса.

На друго видео, извадок од пренос на настани на руската државна телевизија, Путин држи свеќа пред сликата на која е прикажана круна.

Се уште не се знае како е создадено видеото на Путин во празниот Храм, кој е неговиот автор и дали е автентично.