259
Словенечката партија Движење за слобода, формирана пред само неколку месеци, победи на општите избори во Словенија, чии граѓани масовно гласаа за промени по две турбулентни години обележани со рестрикции за Ковид и растечка социјална поларизација.
По речиси 100 проценти од преброените ливчиња, се потврди дека Движењето за слобода освоило 34,5 проценти од гласовите, т.е. 41 место во Националното собрание, кое има вкупно 90 пратеници, што е најголем број гласови што една партија некогаш ги освоила во Словенија, пренесува СТА.
Демократската партија (СДС) на Јанша освои 23,5 отсто од гласовите, што е за околу 1,5 отсто помалку отколку на изборите во 2018 година.